HomeАктуелно332 санкционирани возачи во Скопје: 166 за брзо возење

332 санкционирани возачи во Скопје: 166 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 332 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 166 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.