HomeАктуелно367 санкционирани возачи на мотоцикли, 11 мотоцикли одземени

367 санкционирани возачи на мотоцикли, 11 мотоцикли одземени

Во периодот од 01.08.2022 до 07.08.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 367 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив, 227 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.