HomeАктуелно38 годишен маж од струшко пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

38 годишен маж од струшко пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Триесет и осум годишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6 часот и 25 минути.

Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј.(38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга, изјави портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.