HomeАктуелно45 годишна жена починала во автомобил паркиран на автобуска постојка во Аеродром

45 годишна жена починала во автомобил паркиран на автобуска постојка во Аеродром

На 13.04.2023 во 21.14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„АСНОМ“, на подрачјето на Аеродром, била пронајдена почината М.Г.(45) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според пријавеното, додека била во патничко возило „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, на М.Г. ѝ се слошило и починала.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.