HomeАктуелно48 возачи од овој дел од државава пијани управувале со возило, полицијата продолжува со ваквите акции

48 возачи од овој дел од државава пијани управувале со возило, полицијата продолжува со ваквите акции

Во текот на изминатата вечер  (11/12.11.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 48 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив 34 на територија на Прилеп , по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, додаат од полицијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.