На 20.05.2023 во 20.31 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека настанал пожар во автобус „неоплан”, сопственост на компанија од Охрид, управуван од С.Т.(52) од Кичево, кој без патници се движел на патот Кичево-Охрид.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
