На 19.08.2022 во 22.55 часот било пријавено дека во Охрид на ул. „Јане Сандански“ патничко моторно возило “цитроен“ со српски национални ознаки управувано од 48 годишно лице од Србија удрило во 54 годишно лице од Скопје, информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 54 годишната жена констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа, додаваат Димоски.
