HomeАктуелноНајнова вест: Епидемија од западнонилска треска прогласенa во неколку општини во главниот град

Најнова вест: Епидемија од западнонилска треска прогласенa во неколку општини во главниот град

Здравствените власти прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на неколку скопски општини: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Досега се регистрирани 26 случаи од страна на Институтот за јавно здравје, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.

На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои 5 се во тешка состојба и се на механичка вентилација. За жал од вирусот викендот починал 83 годишен маж кој имал и хронични болести.

Здравствемите власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и рано наутро.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.