HomeАктуелноВо Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак

Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак

Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти  кај месноста Карпалак на патот Скопје -Тетово. На 8 август 2001година конвојот на АРМ беше запрен во заседа и загинаа 10-те припадници на резервниот состав: Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5- ударна бригада- прилепска каде се фотографиите и спомените за 10-те загинати резервисти.

Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба.

Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.