Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за денеска претпладне закажа прес-конференција.
Градот Скопје Ве поканува на прес-конференција што ќе се одржи утре 20.08.2024 година во 11 часот во просториите на Град Скопје, во врска со исходот од денешниот состанок во Владата на Р. Македонија, стои во вчершаната покана од Град Скопје.
Ова следи откако главниот град се соочува со низа проблеми од комунален аспект, но и проблеми со јавниот превоз за кој има загриженост во пресрет на учебната година.
Инаку, Градот Скопје во изминатиот период докажа дека се лидери во нетранспарентност кон граѓаните и медиумите.
По вчерашната средба меѓу владините претставници и првата жена на Град Скопје, Арсовска, не „се виде“ некој конкретен договор за решавање на проблемите кои со месеци ги загрижуваат скопјани.
Уште позагрижени сме сега, отколку пред да почне состанокот. Нашите очекувања како Влада беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план или некакви реални потреби за кои ние како Влада ќе можеме да помогнеме за тоа да се реализира, од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во градот, очајна е состојбата во јавните претпријатија, и како генерален заклуок беше дека немањето комуникација меѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје е една фаза од препреките, и затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците, иако нашите очекувања не се големи морам да признаам. Во таа насока ќе почекаме до крајот на неделава да видиме што план ќе се донесе, и врз основа на тоа, ќе носиме заклучоци, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински, откако со премиерот Христијан Мицкоски остварија средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Рече дека биле изненадени зошто Арсовска не дошла со конкретен план.
