HomeАктуелноИзгореа три автобуси и комбе на приватна фирма во Кочани – се истражува причината за пожарот

Изгореа три автобуси и комбе на приватна фирма во Кочани – се истражува причината за пожарот

Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица–Кочани, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се посочува дека нема повредени лица. Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.