HomeАктуелноМалолетници се дел од осомничените за убиството во Тетово

Малолетници се дел од осомничените за убиството во Тетово

Двајца малолетници се меѓу четворицата уапсени за убиството кое се случи Тетово, а при кое има уште тројца повредени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МВР псоочуваат дека тие се на возраст од 15 и 17 години.

Попладнево, тие се изведени и пред судија на претходна постапка при тетовскиот суд.

На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.

При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката”, велат од МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.