HomeАктуелноНелегална сеча на Галичица: Фатен трактор со дабови дрва

Нелегална сеча на Галичица: Фатен трактор со дабови дрва

При теренска контрола извршена на 31 јануари 2026 година околу 15 часот, шумочуварската служба на подружницата „Преспадрво“ од Ресен открила бесправно посечени дабови зелени огревни дрва, подготвени за транспорт, во шумско-стопанската единица „Галичица – Болно“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од јавното претпријатие „Македонски шуми“, дрвата потекнуваат од засега непознат сторител. Тие се одземени и пренесени во склад на подружницата „Преспадрво“ во Ресен.

На фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи, се гледа дека дрвата биле товарени на трактор, спремни за транспорт

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.