Активни се пожарите во општините Студеничани, Зелениково, Сарај, Чашка, Јегуновце и Прилеп.
Под контрола е ставен пожарот на подрачјето на општините Гостивар и Македонски Брод. Таму почнало да гори кај селото Трново во Гостивар, а потоа пожарот се проширил кон селата Битово, Заград и Страјане во Македонски Брод. Зафатени биле нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат
Од вкупно регистриан 31 пожар на територијата на земјава, изгаснати се 25, еден е ставен под контрола, а пет се се уште активни, се вели во утринскиот пресек на Центрарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во општините Студеничани, Зелениково, Сарај, Чашка, Јегуновце и Прилеп.
Во Студеничани гори кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и на кракот кон село Палиград во правец на Преслап во Општина Зелениково.
Во Сарај гори кај селото Копаница, а пожарот се шири кон селото Радуша.
Во Чашка гори кај селото Нежилово на местото викано Сватови.
Во Јегуновце има пожар кај селото Копанце.
Во прилепското село Црнилиште пожарот зафатил ниска вегетација и шума.
Под контрола е ставен пожарот на подрачјето на општините Гостивар и Македонски Брод. Таму почнало да гори кај селото Трново во Гостивар, а потоа пожарот се проширил кон селата Битово, Заград и Страјане во Македонски Брод. Зафатени биле нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Изгаснати се пожари во општините Бутел, Сарај, Струмица, Василево, Охрид, Пласница, Македонски Брод, Прилеп, Крушево, Берово, Делчево, Штип, Брвеница, Тетово, Теарце и Гостивар.
