HomeАктуелноУтревечер традиционално во Велгошти ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Утревечер традиционално во Велгошти ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Во атарот на манастирот „Св Петка“ во Велгошти со почеток во 20 часот утре, 13 август, ќе се одржи  културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ со која се чествува творештвото на на големиот македонски писател, а во организација на Општина Охрид, ООУ „Живко Чинго“ и Месната заедница Велгошти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамките на свеченоста ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе следува обраќање на претставник на Општина Охрид и доделување на наградата за најдобар расказ. Пред присутните ќе се обрати добитникот на наградата, д-р Марјан Патлиџанковски. Беседа за Живко Чинго ќе одржи академик Катица Ќулавкова.

Свеченоста ќе биде збогатена со културно-уметничката програма – проектот „Македониум“, во изведба на Бојан Маркоски, Стефан Чеменкоски, Ѓоко Чеменкоски, Владимир Србиновски, Виктор Србиновски, Ристе Довлев, Величе Затуроски, Димитар Трпеновски, Софија и Виктор Милески, како и со настап на КУД „Илинден“ – Велгошти.

Ве покануваме со своето присуство да станете дел од вечерта во која Велгошти и Охрид повторно ќе му се поклонат на својот великан – Живко Чинго. Да ја продолжиме традицијата и заедно да го чуваме жив споменот за неговото бесмртно книжевно дело, информираат од Култура Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.