HomeАктуелно81 годишен старец се обидел да силува малолетно девојче

81 годишен старец се обидел да силува малолетно девојче

Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, денеска го привеле И.П. (81) од Скопје поради основано сомнение дека на 21.09.2023 околу 12.45 часот во скопската општина Кисела Вода во својот дом допирал малолетничка по интимните делови од телото.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”, предвидено и казниво по член 188 став 5 од КЗ. И.П. е изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.