Во Охрид денеска претпладне сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.
– Денес во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето, освен во петок кога повторно се очекува попладневна нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи, информираат од УХМР.
