HomeАктуелноВладата најавува понизок ДДВ за горивата, дизелот треба да поевтини

Владата најавува понизок ДДВ за горивата, дизелот треба да поевтини

Владата денеска треба да ја разгледа мерката со која ДДВ за горивата би се намалил од сегашните 18 на 10 проценти. Според најавата на премиерот Христијан Мицкоски, целта е да се ублажи растот на цените и да се намали притисокот врз стандардот на граѓаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мерката се најавува во пресрет на утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за новите малопродажни цени на нафтените деривати.

Мицкоски очекува намалувањето на данокот да има директен ефект врз цената на дизелот. Тој потсети дека Владата веќе презела мерки преку намалување на акцизите за дизелот и безоловниот бензин.

Премиерот призна дека понискиот ДДВ ќе значи и помали приходи во државниот буџет, но посочи дека приоритет останува заштитата на животниот стандард.

Според него, и со актуелните цени, горивата во Северна Македонија остануваат поевтини во споредба со повеќе земји од регионот.

Новата мерка треба да биде донесена на денешната владина седница, а нејзиниот ефект врз цените ќе зависи и од утрешната одлука на Регулаторната комисија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.