HomeАктуелноМицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи, во следниот период ќе се консултирам со експерти од оваа област

Мицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи, во следниот период ќе се консултирам со експерти од оваа област

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за  референдум и зошто не се отпочне веднаш постапката за собирање потписи истакна дека се уште трае анализата и консултацијата со експерти од областа, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи промената на Уставот нема да случи бидејќи за тоа гарант е пратеничката група на коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„ Се уште трае анализата знаете ова се сериозни работи, ние сме сериозни луѓе кои што сакаат кога ќе излеземе пред граѓаните со одредено барање сакаме тоа да се темели на факти и правни но и да немаме простор за дополнителни толкувања дека тоа можело да биде сфатено така или да биде сфатено онака. Затоа во периодот кој што следи дополнително ќе го искористам да се консултирам со експерти од оваа област и од уставното право а ги има многу кои што се и околу мене, но и тие кои што не се околу мене, за да јасно го дефинираме прашањето, и да јасно ја дефенираме методологијата со која што ќе излезиме пред граѓаните. Но суштината е дека процесот на билатерални разговори и преговори со Бугарија е еден процес, процесот на менување на Уставот и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата и во нормативниот дел е друг процес, и трет процес е прифаќање на предлог преговарачката рамка. И тие три процеси не треба да ги поврзуваме еден со друг иако некој сака тие три процеси да ни ги поврзе“ нагласи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.