HomeАктуелноДефект остави без вода за пиење дел од штипските населби

Дефект остави без вода за пиење дел од штипските населби

Пукната  водоводна цевка на булевар „Партизанска“ кај Центарот за социјални работи-Штип остави без вода неколку населби и високите зони во градот. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека екипите работат на санирање на дефектот и се очекува во попладневните часови водоснабдувањето да се нормализира.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Дефектот настанал синоќа, наши екипи се веќе на терен и за кратко ќе го санираат. Вода немаат населбите Железничка, Пребег, дел од Осми Ноември и Ново Село, вели Здравков.

Посочи дека во рок од една недела на истата линија се случува втор дефект.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.