HomeАктуелно„Безбедно лето“ во Охрид: Превентивни активности на плажите „Градиште“ и „Оревче“

„Безбедно лето“ во Охрид: Превентивни активности на плажите „Градиште“ и „Оревче“

Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето“, на 24-ти август 2022 година, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа повеќе превентивни активности.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 Во автокамп „Градиште“ и паркинг местото на плажа „Оревче“ беше спроведена превентивна активност „Заштити се од кражби на возила“ и притоа беше разговарано со граѓаните и им беа поделени совети како сами да се заштитат од потенцијалните кражби на возило, информираат од СВР.

Додаваат дека на булеварот „Туристичка“ било разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и тешки кражби во куќи и станови.

Во рамки на сите активности биле поделени и летоци со едукативна содржина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.