HomeАктуелноСрбија најмоќна во регионот, Македонија на 108. место според воената моќ

Србија најмоќна во регионот, Македонија на 108. место според воената моќ

Според извештајот на американскиот сајт „Глобал Фајарпауер“ (Global Firepower), кој ја оценува воената сила на земјите, Македонија е на 108-то место. Според тој извештај, Србија е најмоќна во регионот. Кога станува збор за регионот, Хрватска е на 69-то место, Словенија на 86-то место, Црна Гора на 128-то и Босна и Херцеговина на 133-то место, а Косово е на 134-то место на листата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што е наведено на веб-страницата повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Романија е на 47-то, Унгарија на 54-то, Бугарија на 59-то и Албанија на 91-то место.

Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15-то место.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.