HomeАктуелноВнимание за возачите: Од утре изменет сообраќаен режим на автопатот Кичево–Охрид

Внимание за возачите: Од утре изменет сообраќаен режим на автопатот Кичево–Охрид

Од утре, среда (28 октомври), ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на автопатот А2, на делницата Кичево–Охрид, поради градежни активности за санација на коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира ЈП „Македонијапат“, измената ќе се однесува на делот од Пресека–Песочан до клучката Арбиново, каде ќе се изведуваат работи за санација на левиот коловоз.

Привремениот режим ќе остане во сила до целосното завршување на градежните активности. Засега не е објавен конкретен датум кога се очекува работите да бидат завршени.

Надлежните упатуваат апел до возачите да бидат внимателни при движењето на оваа делница, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на условите на патот.

Возачите кои патуваат кон Охрид или Кичево се советуваат да возат внимателно и да бидат подготвени за привремени измени во одвивањето на сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.