HomeАктуелноКривична пријава против скопјанка за сторена „измама при добивање кредит или друга погодност”

Кривична пријава против скопјанка за сторена „измама при добивање кредит или друга погодност”

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, осомничена за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во Министерството за транспорт и врски и на тој начин успеала да ги доведе во заблуда службените лица од трите банки да ѝ одобрат кредити.

– На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 907.561 денари, измамувајќи ги банките за паричен износ од 300.000, 307.561 и 300.000 денари, соопштија денеска од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.