HomeАктуелноБислимоски: Се прават анализи дали од 1 јули ќе се врати дневната евтина струја

Бислимоски: Се прават анализи дали од 1 јули ќе се врати дневната евтина струја

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) сама го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот,  вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24, Бислимоски посочи дека таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги.

Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме, рече Бислимовски.

Како што дополнува, сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, нагласува, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја.

Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ, наведува Бислимоски и дополнува дека евтината струја секој ден ЕСМ го чинеше 16 милиони евра годишно.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.