HomeАктуелноМинистерката Петровска во официјална посета на Чешката Република

Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република

Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката Славјанка Петровска денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, а бидат одржани и билатерални разговори меѓу двете делегации.

Петровска ќе се сретне и со претседателот на парламентарниот Комитет за одбрана на Чешка, Лубомир Метнар. Во текот на денот, министерката Петровска ќе го посети Воздухопловниот ремонтен завод ЛОМ, каде во следниот период ќе бидат ремонтирани армиските транспортни хеликоптери врз основа на меѓувладиниот договор склучен во декември 2022 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.