Еден од убиените во вечерашното пукање во Скопско кале е Ј.К а, кој и е познат во јавноста од друга престрелка која се случи во Александар Палас во 2019 година.
Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош. Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите.
Од МВР претходно информираа дека во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Во меѓувреме полицијата пронајде запалено возило во непосредна близина на скопската обиколница за кое полицијата се сомнева дека е токму возилото со кое избегале убијците кои вчера убија две лица, а уште неколкумина се повредени во Шиша Бар во старата скопска чаршија.
Е.Р
