HomeАктуелноПолицијата вчера во Скопје казни над 200 возачи – најголем дел од нив за пребрзо возење

Полицијата вчера во Скопје казни над 200 возачи – најголем дел од нив за пребрзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.