HomeАктуелноПремиерот Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Вучиќ – Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Премиерот Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Вучиќ – Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Посакувајќи му добредојде и успешни разговори на претседателот Вучиќ во Охрид, премиерот Ковачевски ја потврди важноста која Република Северна Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот. Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи.

 

Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

Извор:Bлада

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.