На 25 април во 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 11.30 часот во Основен суд Охрид, лице агресивно се однесувало кон судски полицаец кој извршувал службени дејствија, при што упатил и закани, информираат од СВР Охрид.
Во 18.45 часот, истиот ден, во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17.20 часот во угостителски објект во Охрид, лицата Б.М., А.А. и Н.А., сите од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.
Според пријавеното, при нападот Б.М. го удирал со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.
Во 21.00 часот СВР Охрид, 49 – охриѓанец пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син.
Од охридската полиција велат се работи на расчистување на сите три случаи.
