HomeАктуелноПретрес во Куманово, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

Претрес во Куманово, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

На 05.05.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозовлена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода И.М.(47) и Б.И.(46), двајцата од Куманово. При претрес во домот на И.М., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Б.И., биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, кокаин, марихуана, предмет со остатоци од смолеста материја и други предмети.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.