Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во 10.00 часот го уапсија Ќ.М.(60) од Битола поради тоа што при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени голема количина капсули трамадол и таблети дијазепам, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.212 од КЗ на РСМ.
