HomeАктуелноСообраќајна несреќа со смртни последици ја потесе Македонија,

Сообраќајна несреќа со смртни последици ја потесе Македонија,

На 31.05.2023 во 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино. Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возсило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген” се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.  Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.