HomeАктуелноДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МЛАДИОТ КИКО

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МЛАДИОТ КИКО

Здравствената состојба на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван е влошена, додека се уште трае собирањето на донации за да биде испратен на лекување во Турција. Хуманитарната акција ја започна јутуберот Стефан Лазаров, кој денеска објави дека се појавил и нов проблем – докторите одбиваат да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаат дека нема да го издржи патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ниту еден доктор не се нафаќа да потпише да потпише документ за Кико да може да оди дури и со медицински авион за Турција, бидејќи нема да го издржи патот. За Кико да може да го издржи патот мора да биде подобар колку-толку до понеделник, за во вторник да патува. Во болницата во Штип тоа нема да се случи никогаш затоа што нема ниту лекови, ниту услови за него во овој момент , напиша Лазаров.

 

Тој додава дека е побарано момчето да се лекува во приватна клиника за да му се подобри состојбата. Оттаму, според неговото кажување, чекаат одговор.

За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра. Трошоците се зголемуваат поради влошувањето на состојбата односно специфичниот трансфер.

Броеви за донации:
141-471 – А1
143-130 – ТЕЛЕКОМ

Трансакциска сметка: 200004087594930 – СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, на име Катерина Коцева.

Платформа за дорирање

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.