HomeАктуелноОтворање Центар за дневен престој за деца со попреченост во Карпош

Отворање Центар за дневен престој за деца со попреченост во Карпош

Во Општина Карпош денеска ќе биде пуштен во употреба Центар за дневен престој за деца со попреченост, кој е лоциран во Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ во населбата Карпош 2.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Децата во Центарот ќе добиваат индивидуален третман од специјални едукатори и стручни соработници раководени и координирани од здружението „Монтесори“ кое е давател на услугата.

Дневниот центар за деца со попреченост во општина Карпош е еден од проектите финансиран од  Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на Светска банка, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

На отворањето на Центарот ќе се обратат министерката Јованка Тренчевска, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и Билјана Стерјадовска Стојчевска, претседател на македонското „Монтесори“ здружение.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.