Во духот на верата и традицијата и Свиништа го прослави големиот христијански празник Голема Богородица.

Недалеку од атарот на селото Свиништа, на ридот се наоѓа црквата посветена на Светата Богородица, храм кој веќе неколку години интензивно се возобновува од страна на месното население. Минатата година по повеќе од 20 години со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј се изврши осветувањето на манастирот, со што беше осветено новото духовно светилиште на Св.Богородица за сите православни христијани.
Во пресрет Големиот христијански празник, Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) охридското село Свиништа и оваа година празникот го прослави со богата програма.
Рано наутро беше извршена Литургијата и причестот, а потоа следуваше традиционалната традиционална трпеза и забавениот музички дел со стара народна македонска песна и музика.
За забавниот музички дел оваа година се погрижија Владо Костоски, Милица Кузмановска и Маестрал Бенд – Охрид.
Новинар: Елена Ристеска
