HomeАктуелноИлјадници верници во духот на традицијата во Скребатно ја прославија Пресвета Богородица

Илјадници верници во духот на традицијата во Скребатно ја прославија Пресвета Богородица

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Православната Црква на 15/28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.

Успение на Пресвета Богородица — главната манастирска црква на Скребатинскиот манастир во охридското село Скребатно.

Во духот на верата и традицијата  Скребатно го чествува големиот христијански празник посветен на Голема Богородица.

Илјадници верници по традиција вчера и  денес се упатуваат кон Скребатно каде ќе се помолат во храмот посветен на Пресвета Богородица, по што денес за сите беше поделен и традиционалниот ручек кој се служи од оваа црква.

 

новинар: Елена Ристеска

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.