HomeАктуелноЕвроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Шуто Оризари

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Шуто Оризари

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Шуто Оризари. Станува збор за деветта во низата општински посети по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на преговори за пристапување во Европската унија и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За време на престојот во Шуто Оризари, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот Курто Дудуш, со членовите на општинскиот Совет и со претставници на граѓанските организации. Тој, исто така, ќе посети една од куќите реновирани во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на одржливиот урбан развој на ромските населби“.

Амбасадорот Гир ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните на која ќе одговора на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.