HomeАктуелноОсмани: Живеам само од плата и таа ми е важна

Османи: Живеам само од плата и таа ми е важна

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека живее само од плата која му е важна и според него, не мисли дека е за фалење кога политичарите велат дека не им е битна платата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Јас живеам само од оваа плата и ми е важно. Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание, изјави Османи.

Иако беше најавено намалување на платите на функционерите кои пред седум месеци добија плати покачени за речиси 80 проценти, се уште се бара решение како тие да се намалат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.