HomeАктуелноГолема сообраќајна несреќа, 16 повредени во верижен судир

Голема сообраќајна несреќа, 16 повредени во верижен судир

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на германскиот автопат во близина на чешката граница, повредени се 16 лица, од кои тројца потешко.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полицијата соопшти дека камионот, кој во неделата вечерта се движел на север во правец на Дрезден на А17 во близина на германско-чешката граница, налетал на сообраќаен метеж без да сопре.

Ова доведе до верижен судир на 10 автомобили. Засега не е позната причината за несреќата, ниту пак размерот на штетата. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека некои возила биле уништени до непрепознатливост.

Северните ленти на А17 јужно од Дрезден сè уште беа затворени утрово додека полицијата истражуваше.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.