HomeАктуелноОхридски комуналец: Снегот не нѐ изненади, активиран дежурниот тим за справување со првиот снежен бран

Охридски комуналец: Снегот не нѐ изненади, активиран дежурниот тим за справување со првиот снежен бран

Снегот не не’ изненади, велат од Охридски комуналец.
Веднаш беше активиран дежурниот оперативен тим за справување со првиот снежен бран.
Ангажирана беше целокупната расположива механизација и дежурните екипи кои го расчистуваа снегот од јавните пешачки површини и тротоари, по коловозите се интервенираше со специјална механизација за чистење на снежната покривка и се нанесуваа абразивни средства.
Интервенирано е во У.З.Стар Град, потоа до селата кои гравитираат до повисоки места , како Велестово, Коњско, Елшани, пофреквентни пешачки површини како чаршијата, кејот, патеката од канал Студенчишта до Горица и др, информираат од Јавното претпријатие.
Остануваме во мобилна состојба во текот на ноќта во зависност од временските услови, додаваат од ЈП Охридски комуналец.
Подготви: Елена Ристеска
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.