На 10.12.2023 во 23.00 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Е.Ш.(43) од Охрид затоа што кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
