HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена

ВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се потврди она што секојдневно го говоревме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Кадрите, кандидатите којшто ги даде ДПМНЕ се тие истите кадри којшто беа на парламентарните избори во 2020 година, на претседателските избори во 2019 година.

Кадри којшто нудат изолација, безнадежност, безперспективност, врќање назад, блокади и опструкции. Повторно на овие избори тие кадри ќе бидат казнети од граѓаните, односно граѓаните масовно ќе дадат поддршка за СДСМ и коалицијата, за Пендаровски, за државата да продолжи по европскиот пат, за подобар стандард на граѓаните, за европската приказна да продолжи и сето она што значи прогрес на државата и граѓаните.

Во делот на кандидатите на СДСМ и коалицијата при крај е внатрепартиската постапка, течат и разговорите со коалицијата и за многу скоро ќе бидат претставени пред јавноста кандидатите и за носители и за коносители и сите останати кои што ќе се најдат на листите за парламентарните избори.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.