На 27.03.2024 во 01,10 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, во с.Косел, охридско, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.Ѓ.(50) од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
