HomeАктуелноИзвестување за посебни мерки на подрачјето на СВР Охрид

Известување за посебни мерки на подрачјето на СВР Охрид

Со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето”, СВР Охрид  денеска и утре  (11.07.2024 и 12.07.2024), ќе преземе посебни безбедносни мерки.
Во делот на сообраќајот, на кеј „Македонија” и улиците „Абас Емин”, „Гоце Делчев” „Кирил и Методиј”, како и кај паркинг просторот кај „Горна Порта”, ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила. На овие, но и на приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот и непречено движење на возилата со придружба. Предвидени се и други безбедносни мерки на подрачјето.
Апелираме до граѓаните, поради огромното значење на фестивалот на домашен и меѓународен план, да покажат разбирање за мерките, да ги почитуваат насоките на полициските службеници и со цел избегнување сообраќаен метеж, доколку немаат итна и неодложна потреба, да се воздржат од користење на своите приватни возила.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.