HomeАктуелноЖАЛНА ВЕСТ – Македонец ненадејно почина во Германија – потребни се средства за телото да биде донесено во Македонија

ЖАЛНА ВЕСТ – Македонец ненадејно почина во Германија – потребни се средства за телото да биде донесено во Македонија

Зоран Ангеловски по потекло од Свети Николе вчера ненадејно починал во Германија, објавено е на социјалните мрежи од Македонци кои живеат во Германија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Почитувани, сакаме да ве известиме дека вчера, на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974.
Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 € за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле, објавено е на страната МPC Sv.Troica – Мinhen.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.