Ова е политички прогон, целта е заплашување и нема да ви помине, порача поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши откако беше објавена информација дека заработил кривична пријава од охридската Полиција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.
На 7-ми мај, како координатор на Европскиот фронт во ИЕ 5, од штабот на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, началникот на кабинет и членовите на кабинетот биле контролирани од СВР Охрид, што е директно мешање во изборниот процес од страна на СВР Охрид. Имајќи во предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што му ја испратив и како одговорен за изборниот процес. Но, тоа не им е намерата. Намерата им е одмазда за дебаклот што го направија на 8-ми мај. Како Крешник Бектеши, секогаш ќе се грижам за граѓаните кои се во постојана тенденција на мајоризација и заплашување, како што се моите сонародници. И во ова, ништо друго освен Бог не може да ме спречи. Следните избори ќе ги има народот, порача Бектеши.
Од полицијата информираат дека на 7-ми мај годинава, „Бектеши од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил пораката на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“.
