HomeАктуелноПродолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори.

На Предлог ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 58 амадмани, а расправата трае шест дена.

На седницата на Законодавно правна комисија пратениците ќе расправаат по Предлог измените на Законот за здравствената заштита, во второ читање.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.