Пожар изби попладнево во новиот трговски центар „Блис“ во Битола, додека објектот се подготвува за големото отворање на 5 август. Пожарот го зафати северисточниот дел од објектот и веќе интервенира противпожарната единица од Битола.

Трговскиот комплекс е приватна инвестиција и е во непосредна близина на трговскиот маркет „Лидл“ во изградба.
