HomeАктуелноПехчево остана без вода, молат за помош, пламените јазици сериозна закана за целиот град

Пехчево остана без вода, молат за помош, пламените јазици сериозна закана за целиот град

Повици за помош со вода стигнуваат утрово од Пехчево, во чија околина од вчера гори огромен пожар, a утрово од 6 часот камбаните бијат за тревога.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Водата од водоводот во Пехчево да не се користи за пиење, а никако за наводнување на градините, бидејќи се празнат резервоарите на филтерстаницата, а водата е потребна за гасење на пожарот, повикува градоначалникот Александар Китански преку социјалните мрежи.

Од ЈКП „Комуналец“ Пехчево известија дека граѓаните кои имаат потреба од вода за пиење може да наполнат од цистерните поставени во центарот на Пехчево.

Според мештаните и од „изворска“ им најавиле дека ќе пратат камион со вода.

Дополнително, една екипа од Итната медицинска помош е лоцирана над продавницата кај месноста Говедарник, а другата екипа е во близина на филтер станицата…. Кој има потреба за било каква интервенција, екипите стојат на располагање, соопштуваат од таму.

Градоначалникот ги повика сите кои сакаат да помогнат во гасењето на пожарот да не заминуваат сами на терен, туку да дојдат на збирното место во центарот на градот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.